Избор на матурски фустан – Како да изберете правилно?

Наближува месец мај. И со него доаѓа градацијата и убавите фустани. Се ближат матурските. Секоја девојка цел живот сонува и мечтае за овој важен ден.

За една девојка главоболката и подготовката за матурската вечер се голем предизвик. За разлика од момчињата кои само ќе облечат костум и кошула и се подготвени, девојките имаат да завршат многу посложена работа. Прво треба да изберат фустан од огромен број на матурски фустани и ова е навистина најтешкиот дел од подготовката. Потоа треба да се изберат соодветни обувки, штикли или сандали, што исто така не е лесна работа. Потоа продолжуваме со накит, модни додатоци, чанта, фризура и шминка. Но, да посветиме повеќе внимание на најважниот дел – фустанот.

Ако претставувате убава слика на која и треба малку боја, тогаш фустанот ја претставува бојата. Фустанот прави да блеска и обичен дијамант, но за да се постигне овој ефект, за да се претворите во блескав дијамант, треба да знаете неколку трикови при изборот фустан за матурската вечер.

Кога ќе одлучите да го изберете фустанот користејќи ги овие три мали трикови, вашиот избор ќе биде многу полесен.

  • Првиот трик е изборот на модел кој одговара на вашата фигура.
  • Втор трик е бојата која ќе ги подобри карактеристиките на вашето лице.
  • Третиот трик е добар сооднос на цената и квалитетот на облеката.

Следејќи го ова, наоѓањето на совршениот фустан станува многу полесно.

Фустани во тренд за 2019 година се:
Фустан со чипка – класичен и никогаш не излегува од мода. Нежните украси од чипка додаваат стил и нежност, ненаметливо и во исто време многу ефикасно. И оваа година, не излегува од модниот тренд.

Фустан со гол грб – овој фустан е едноставен, но многу стилски и елегантен. Вади убава женска фигура и зрачи сексуална привлечност.

Гетсби – ретро наметки, одлични и сеуште во мода. Блескавите монисти даваат чувство на мистерија и разиграност. Овој модел на фустани сигурно ќе ве направи забележителни и незаборавни на вашата матура.

Цени на матурските фустани
Цените на фустани за вашата вечер од соништата се различни во зависност од модната линија, материјалот, должината, од колекцијата – колку понова колекција, толку повисока цена. Цените на матурските фустани се движат меѓу 6,000 денари и 60,000 денари. Секако постојат и поскапи фустани, чии дизајнери се покажале на пазарот и имаат добра реклама.

Цената за матурска зависи од вредноста на фустани, костуми, на останатите додатоци на фризурата и шминката. Зависи од изборот на ресторан, хотел, дискотека, број на гости, избор на фотограф. Со груби пресметки можеме да кажеме дека една средна матурска вечер би чинела околу 2000 евра.

Цената на матурска е исто така зависна од друг фактор. Овој фактор е градот во кој живеете. Ако живеете во Скопје, матурската вечер ќе биде доста поскапа отколку ако живеете во Битола или во Штип на пример, бидејќи Скопје е главен град и е сосема нормално цените на фустани, ресторани и другите работи да бидат доста повисоки. Ако ги споредиме цените во Битола и Штип ќе видиме дека излегува доста поефтино во споредба од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *