Што да облечам? Совети за најдобар секојдневен изглед!

Се будите, триете очи и ја пуштате експресо машината… пушите цигара. Си правите брз туш. со шампон од нане и лимон, се погледнувате насмевнати во огледалото и си велите – “Даа.. се уште работиш за мене”, го погледнувате часовникот … тој ви возвраќа исто и вие бегате… Се прашувате што да облечам со еден ГООЛЕМ прашалник!

Една вистинска дама секогаш се стреми да изгледа оригинално и да одговара на сите барања. Ние жените сме неверојатни суштества – се додека имаме самодоверба, некој ден универзумот ќе ни се заблагодари за тоа: елегантниот стил кој го имаме на состаноци и додека сме на кафе со некој – восхитот на пријателките и мажите на соседната маса… Во денешно време изгледот е најважен при создавање на прв впечаток … и втор и трет … Облеката зборуваат пред нас – бидете сигурни дека со облеката испраќате порака што сакате другите да ја слушнат!

Највежно е да бидете себе си во изборот на облека. За жал, како што се друго во животот, така и со облеката – долго време продолжувате да барате нешто што ви одговара.

Секогаш купувајте облека со вашата најдобра пријателка
Избегнувајте да купувате сами, еден верна пријателка е од огромна корист, да фрли поглед-два отстрани кој кривите огледала во соблекувалните не го прават.

Разумна сметка, мирна глава
Купувањето нешто што досега не сте носиле, зар тоа не е страшно? Уште повеќе, кога најдете совршена комбинација на нешто што одамна сте го купиле, а никогаш не сте го облекле. Не е ли прекрасно да ги комбинирате новите со старите работи, претворајќи се во еден секојдневно разновиден стил, зарем не ни е тоа целта кога одиме да купуваме?!

Никогаш не штедете пари за нешто скапо. Некогаш ќе ви е потребна целата вечност за да го купите, а штом го купите истото нема да е модерно…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *